Екипата на Вардар 1961 попладнево во Битола извојува убедлива победа од 34-19 против Еурофарм Пелистер 2, оправдувајќи ја фаворитската улога.
Вториот тим на актуелниот македонски првак немаше сили да му парира на Вардар кој го доби првото полувреме со 18-7.
Младите битолски ракометари во минатото знаеја да му го загорчат животот на лутиот ривал на првиот тим на Е. Пелистер, но поминаа четири години од нивната последна победа над Вардар. Битолчани имаа одлична поддршка од публиката, но го претрпеа најтешкиот пораз во меѓусебните дуели со Вардар во последните седум години.
Скопјани беа без Кавада, Еспиња, Пинто и Кеита, а Борозан играше само во одбрана, но лесно победија. За Црвено-црните ова беше само загревање за пресметката со Охрид во следното коло.