Далеку се Меси и Роналдо – Има јунак што ќе им ја прекине страшната доминација

Роберт Левандовски е на добар пат да ја урне апсолутната доминација на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо, кои 11 сезони по ред се менуваат како најдобри стрелци во Лигата на шампионите.

Полјакот сезонава ги решета противничките мрежи и постигна 11 гола, што е за еден повеќе од Халанд, но тој веќе испадна и нема шанси за признанието најдобар стрелец во ЛШ.

Зад Левандовски со по 6 гола се Дријс Мертенс од Наполи и Серж Гнабри, кој му е соиграч на Лева во Баерн Минхен.

Лионел Меси и Кристијано Риналдо се далеку од врвот и постигнаа по два гола во ова издание на Лигата на шампионите што полека влегува во самата завршница.

И секако според моментата ситуација на листата со најдобри стрелци би било првокласно чудо ако Меси, или Роналдо успеат да го претркаат шпицот на Баерн Минхен.

Од сезоната 2007/08 година кога Роналдо беше топ-стрелец во Лигата на шампионите, тогаш како играч на Манчестер јунајтед почна страшната доминација на тандемот најдобри играчи на денешницата.

Меси го наследи Роналдо со четири признанија за најдобар стрелец едноподруго, а еднаш им се вмеша и Нејмар, кој беше најдобар стрелец во сезоната 2013/14, но заедно со Португалецот, а двајцата постигнаа по 17 гола, што е и рекорд во ист циклус на натпревари во ЛШ.

Во 2014/15 се биеше најжестоката битка меѓу Роналдо и Меси,а и двајцата завршија на врвот со по 10 гола. Португалецот е за нијанса подобар и 7 пати беше прв стрелец во ЛШ, додека Меси има шест такви признанија. Со ваквите постигнувања двајцата се број 1 и два во истотијата на луксузното натпреварување, а трет е Герд Милер со 4 пехари за најдобар стрелец во КЕШ, или во ЛШ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести