Дали Баркли знаеше дека се готви нешто, Харден сега би заминал во Портланд

Портланд трејлблејзерс и Бостон селтикс се новите два клуба додадени на листата на желби на Џејмс Харден за нова клупска средина. Харден сака што побрзо да си замине од Хјустон рокетс, се спомнуваа повеќе клубови како негови потенцијални дестинации, а сега се појавија Блејзерс и Селтикс.

Интересно би било да се види Харден во дресот на Портланд бидејќи ако тој тим во своите редови го донесе првиот стрелец на НБА, би станал сериозен кандидат за титула. Вчера, легендата Чарлс Баркли рече дека вложува 100.000 долари дека Портланд ќе игра во големото финале. Сега многумина се прашуваат дали Сер Чарлс знаеше дека се готви трампа со која Харден би отишол во Блејзерс, па затоа даде таква храбра прогноза.

Интересно е што првиот меч на Хјустон сезонава е токму против Портланд в сабота вечер. Како и да е, сагата ќе потрае и неизвесно е дали Харден во новата година ќе влезе како член на Рокетс или ќе се пресели во друг клуб. Ракетите и понатаму ја убедуваат својата ѕвезда дека треба да остане кај нив бидејќи имаат шампионски потенцијал.

- Оглас -

Најнови вести