Ако погоди, цел свет ќе му се поклони: Баркли се обложува во 100.000 долари кој ќе биде првак на Западот

НБА-легендата Чарлс Баркли во емисија во живо се обложи во 100.000 долари дека екипата на Портланд трејлблејзерс ќе се пласира во големото финале. Блејзерс сезонава ја отворија со убедлив пораз од Јута џез со 20 поени разлика, но Баркли верува дека имаат квалитет да бидат прваци на Западот, дури и рече дека е подготвен да се обложи дури во 100 илјади долари.

Членот на оригиналниот дрим-тим на САД од 1992 година би вложил 100.000 долари дека Портланд ќе игра во големото финале. Во обложувалнците Sport Life, квотата дека Портланд ќе биде првак е 32, на шест тима им се даваат поголеми шанси отколку на Блејзерс, но Баркли верува во Демиен Лилард и другарите.

„Го авторизирам својот агент Марк, ова е мој прв облог. Сакам да ставам 100.000 долари дека Портланд ќе ја освои Западната конференција. Заврши ми ја таа работа утре“, рече Баркли.

- Оглас -

Најнови вести