Дали Бруклин создава нова кошаркарска сила? Бројот 13 е слободен за Брадата

Бруклин нетс ја комплетираше размената со Детроит пистонс за услугите на Брус Браун во замена за босанскиот кошаркар Џанан Муса. Со овој потег се засилија шпекулациите дека Џејмс Харден е на пат кон Њујорк, каде што се најавува создавање нова кошаркарска сила во НБА-лигата.

Муса го носеше бројот 13, кој е омилен на Брадата, па затоа се најавува дека Харден ќе ја напушти екипата на Хјустон рокитс. Пред извесно време Кевин Дурант, ексколегата на Харден во Оклахома, го повика најдобриот стрелец во НБА-лигата да му се придружи во Бруклин за заедно да ја напаѓаат шампионската титула во сезоната 2020/21, која ќе ја брани ЛА лејкерс.

Во евентуална нова размена, Бруклин нуди четворица свои членови за Харден, тоа се Спенсер Динвиди, Карис Леверт, Торин Принс и Џерет Ален.

- Оглас -

Најнови вести