Дали е фер? Италија изгуби од Македонија, а сега би можела „гратис“ да добие место на СП

Италијанската фудбалска репрезентација и покрај тоа што изгуби од Македонија и заврши на третото место во баражот од групата Ц, би можела да настапи на Светското првенство.

Причина за ваквата вест е дека селекцијата на Иран, којашто меѓу првите обезбеди настап, на 2.000 жени не им дозволи да влезат на стадионот на мечот против Либан. Припадничките на понежниот пол биле прскани со солзавец и не им беше дозволено од страна на обезбедувањето да бидат на стадионот иако имале карти.

Тие веќе имаа предупредување од ФИФА од 2019 година, а некои информации велат дека казната може да биде и драконска и да значи и исфрлање на Иран од Светското првенство. Додека, пак, според други, Италија како најдобропласирана селекција којашто не обезбеди настап во Катар, ќе добие повик.

- Оглас -

Најнови вести