Ристовски имаше порака до фановите на Риека: семејството е над фудбалот!

Динамо Загреб со неверојатен во последните 15-тина минути пресврт стигна до победа над Риека на гостински терен со 2:1 и на тој начин дојде чекор поблиску до нова титула во хрватското првенство. Динамо сега има 75 бодови, четири повеќе од второпласираната Риека.

По мечот, на својот Инстаграм профил се огласи некогашниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски. Тој беше на мета на навивачите на Риека и мораше да трпи и слуша секакви навреди не само сега туку и на некои други претходно гостувања на тој стадион.

Неретко за навреди се користеа и пцовки упатени кон неговата мајка, која неодамна почина, па Ристовски по вчерашната победа, имаше порака за фановите на Риека. Ристовски во периодот од 2015 до 2017 година играше за Риека со кој стана и првак на Хрватска. Сепак, сега ситуацијата е многу поинаква и затоа десниот бекпочувствува потреба да се огласи преку социјалните мрежи.

„Не ве мразам, но ја изгубивме секоја моја почит. Семејството е над фудбалот. Над сѐ.“, беше пораката на Ристовски кој како хаштаг искористи „За тебе мајко“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести