Дали е ова „Чао“ за Јувентус во трката да стигне до 10-тата титула по ред!?

Јувентус не успеа да го добие градското дерби против Торино (2:2), иако актуелниот првак беше голем фаворит пред мечот. Федерико Кјеза погоди за водство на Јувентус во 13 минута, но многу брзо домаќините израмнија со погодокот на Антонио Санабрија.

Парагваецот во дресот на Торино по втор пат ја затресе мрежата на Јувентус и тоа во првиот напад од второто полувреме. Водството на домаќините беше до 81 минута, кога Кристијано Роналдо со глава погоди за 2:2, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Иако Јувентус имаше многу повеќе напади, шутеви и шанси, Торино во завршницата имаше две одлични шанси за трет погодок, но Шчешни ги одбрани двата удари.

За Јувентус ова беше 28 меч сезонава и остана на 56 бода, дури девет помалку од лидерот Интер, но вечерва гостува кај Болоња.

 

- Оглас -

Најнови вести