Дали е ова најбрзиот нокаут во историјата на боксот? (Видео)

Германскиот боксер Виктор Јурк стигна до победа благодарение на еден од најбрзите нокаути во историјата на овој спорт. Јурк пред домашната публика во Манхајм влезе во рингот против колумбискиот боксер Едвин Кастилјо, а борбата траеше едвај неколку секунди.

Само што беше даден знак за почеток на борбата, Јурк упати силно лево кроше директно во главата на противникот, а колумбискиот боксер се струполи и остана да лежи неподвижен.

За Јурк ова беше 14 победа во исто толку борби во кариерата, од кои 12 триумфи му се со нокаут.

- Оглас -

Најнови вести