Невидено лудило во Шпанија во последните две кола: Само првопласираните седум екипи имаат обезбедено опстанок, сите други се „тресат“

Во шпанското првенство остануваат да се оидграат само уште две кола. Денеска ќе се играат сите 10 меча од претпоследното коло, а многу фактори најавуваат дека треба да биде возбудливо. Кога се работи за врвот на табелата, јасно е дека Барселона е шампион, Реал е втор, а во лига на шампиони ќе играат уште и Вилјареал, Атлетико Мадрид и Бетис.

За разлика од врвот на табелата, многу понеизвесно е во борбата за опстанок. Овиедо е сигурно испаднат, но за останатите две места ќе се води голема борба. Леванте е на претпоследното место на табелата со 39 бодови, а помалку неверојатно делува фактот дека осмопласираниот тим на Реал Сосиедад има само шест бодови помалку од претпоследниот на табелата.

Тоа значи дека Сосиедад иако е на осмото место на табелата и сигурно ќе игра во Лига на Европа, со 45 бодови, односно само шест повеќе од претпоследниот Леванте, не е сигурен дека ќе остане.

Рајо Валјекано кој ќе игра во финалето на Конференциската лига на УЕФА, има само 44 бодови, односно само пет помалку од претпоследниот Левате, па во последните две кола ќе мора да си обезбеди позицијата што ќе носи сигурен спас од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести