Само Сер Алекс Фергусон останува пред Гвардиола по бројот на освоени трофеи како тренер

Манчестер сити и Пеп Гвардиона вчера се израдуваа на уште еден троеј и тоа во финалето на ФА Купот, откако со 1:0 го победи Челзи. За Сити ова е осми трофеј во ФА Купот во историјата, а интересно е дека во тренерската кариера Гвардиола се израдувна на дури 41-виот трофеј.

Неверојатно делува дека Гвардиола стигна до 41 титули и тоа во само 16 сезони како тренер. Со оваа бројка на освоени трофеи, Гвардиола стигна до второто место на вечната листа. Сега, само легендарниот Сер Алекс Фергусон е со повеќе пехари како тренер од тоа што доега го освои Гвардиола.

Фергусон во кариерата освои 49 трофеи, но во кариера долга дури 39 години. Ако Гвардиола продолжи во ист ритам да освојува пехари, многу веројатно е дека за скоро време шпаскиот стратег ќе го достигне легендарниот Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести