Дали херојот на Барселона знае нешто што другите не го знаат: Со раширени раце го чекаме Лео

Екипата на Барселона вчера со 2:1 го совлада Реал Мадрид во најголемото фудбалско дерби на светот и направи голем исчекор кон освојување на титулата, а играчот на каталонскиот тим Серхи Роберто ги фрли навивачите во транс со една изјава.

Роберто беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, го постигна првиот гол за Барселона во финишот на првиот дел, а по натпреварот даде изјава со која го најави враќањето на Лионел Меси на „Камп ноу“.

Во истиот ден кога навивачите на ПСЖ го исвиркаа Аргентинецот на „Паркот на принцовите“ ги прокоментира сè почестите шпекулации.

„Кој не е за тоа да се врати Меси. Не сакаме да зборуваме премногу на таа тема бидејќи за тоа мора да одлучат претседателот, тренерот и Лео, но ние како играчи го чекаме со раширени раце. Меси има добра сезона, но сега му се намерачија по елиминацијата во ЛШ. Меси е спектакуларен играч и добро знае како ние во Барселона ги третираме играчите како него“, изјави Роберто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести