Дали Лионел Меси синоќа последен пат настапи во Лигата на шампиони!?

Лионел Меси заедно со Кистијано Роналдо станаа симболи во Лигата на шампионите. Роналдо има пет титули во елитната лига, а Меси четири пати се радувал на трофејот, а тие држат и многу рекорди во ова натпреварување.

Во зимскиот преоден рок, Роналдо од Манчестер јунајтед замина во Ал Наср во Саудиска Арабија и порача дека неговата мисија во Европа е завршена. Тоа значи дека Роналдо веќе никогаш нема да го гледаме во Лигата на шампиони. Со елиминацијата на Пари Сен Жермен од Баерн Минхен во осминафиналето од ЛШ, се поставува прашањето дали и Меси за последен пат синоќа беше дел од ова натпреварување?

Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона и засега не се знае дали Аргентинецот ќе ја продолжи соработката со францускиот тим или ќе замине во друга средина. Шпекулации се дека Меси ќе си замине од Европа на крајот од сезоната и може да заигра во американската МЛС за тимот на Интер Мајами, или и тој да замине во Саудиска Арабија каде има шпекулации дека може да го облече средот на Ал Хилал.

 

- Оглас -

Најнови вести