Манчестер јунајтед го договори првото засилување за следната сезона

Манчестер јунајтед го договори својот прв трансфер во летниот преоден рок, откако постигна договор за ангажман на Едерсон од Аталанта.

Бразилскиот играч за врска ќе пристигне на „Олд Трафорд“ за обештетување од 45 милиони евра, а со англискиот гигант ќе потпише четиригодишен договор. Иако трансферот е договорен, Едерсон официјално ќе му се приклучи на тимот во јули.

Според информациите, Манчестер Јунајтед првично ќе исплати 38 милиони фунти, додека преостанатиот дел од сумата ќе биде покриен преку бонуси поврзани со настапите и резултатите.

Ова е првиот потег на тренерот Мајкл Карик во најавената реконструкција на средниот ред на тимот.

Едерсон пристигна во Аталанта пред четири години од Салернитана за 23 милиони евра. Во дресот на италијанскиот клуб одигра 180 натпревари, постигна 16 голови и запиша шест асистенции.

Досега има и три настапи за Бразил, а од него во Манчестер очекуваат дополнителна цврстина и квалитет во средниот ред пред новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести