Дали „мириса“ на прв хет-трик во меч од полуфинале во ЛШ? Квотите се бомбастични

Светот со нетрпение го чека реваншот од полуфиналето меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Францускиот и актуелен европски првак во Минхен допатува со позитива од еден гол откако на „Паркот на принцовите“ победи со неверојатни 5:4. Тоа беше првпат на еден дуел од полуфинале во ЛШ да бидат постигнати дури девет погодоци.

Интересно е дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, потенцираше дека мисија во реваншот ќе биде неговиот тим да постигне барем три погодоци за да има гаранција дека неговиот тим ќе игра во финалето. Тоа е сосема јасна најава дека и вечерва треба да очекуваме гол-шоу.

На дуелот во Париз, Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола за ПСЖ, додека Баерн имаше четворица различни стрелци. Ако се остварат прогнозите за „дожд од голови“, се отвора прашањето дали може да се случи за првпат на еден дуел од полуфинале во ЛШ фудбалер да постигне хет-трик.

Во специјалната понуда на Sport Life има дури 15 различни играчи за стрелец на прв гол и за стрелец во тек на мечот. За најголемите ѕвезди ја има и понудата за постигнување хет-трик. Прв фаворит за таков историски потфат е Хари Кејн, за кого се дава 10 коефициент ако постигне три погодоци. Потоа следуваат Луис Дијас, Николас Џексон, Усман Дембеле, Хвича Кварацхелија…

Тука се и статистичките игри за бројот на изведени корнери, направени фаули, упатени удари кон головите, добиени жолти картони. Интересно е дека на првиот меч од деветте голови, ниту еден не беше постигнат од пенал. Сега, за да има прв пенал, квотите се по 3.50 за Баерн и 4.00 за ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести