Екипата на Ал-Хилал синоќа славеше со 2:1 на гостувањето кај Ал-Калеј во меч од 31-вото коло на првенството во Саудиска Арабија. Со оваа победа, Ал-Хилал стигна до 77 бода и сега е само на два од лидерот Ал-Наср. До крајот на првенството остануваат уште три кола, што е најава за возбудлив финиш во борбата за титулата.
Ал-Хилал синоќа до трите бода на тешкото гостување стигна со пресврт. Домаќините водеа, а Миленковиќ-Савиќ израмни на 1:1 во 34-тата минута. Тој резултат беше до 79-тата минута, кога се случи неверојатна грешка во одбраната на домашниот тим.
Португалскиот интернационалец во редовите на Ал-Калеј, Педро Ребочо, направи неверојатна грешка кога се обиде да ја врати топката кон својот голман, но таму беше фудбалерот на Ал-Хилал, Мандах, кој постигна гол за 2:1, што на крајот се покажа и како доволно за триумф на тимот кој се бори за титула.
Just look at how Al Hilal scored their goal. This looks like intentional mistake
The whole system is against Ronaldo 🤯 pic.twitter.com/ODTlYqW4Vf
— Speedline (@speedlinexx) May 5, 2026
Ваквиот бизарен погодок даде можност за шпекулации дека се „подготвува план“ и оваа сезона Кристијано Роналдо и Ал-Наср да не ја освојат титулата. Роналдо трета сезона е во Ал-Наср и уште се нема израдувано на ниту еден трофеј. Сега, Ал-Наср е лидер на табелата со 79 бода и само од него зависи дали ќе ја сочува позицијата која треба да им го донесе шампионскиот пехар.

