Србите поставија светски рекорд за најдолга проверка со ВАР-системот!? (Видео)

Фудбалерите на Радник од Сурдулица се радуваа на победа од 2:0 во дуелот против Спартак Суботица, во меч од второто коло на српската Супер лига. По еден гол домаќините постигнаа во двете полувремиња и на крајот стигнаа до посакуваните три бода.

Овој меч го одбележа моментот кога Радник го постигна вториот погодок во 57-мата минута. Судијата Момчило Марковиќ побара помош од ВАР-собата за тоа дали имало офсајд-позиција или ситуацијата била регуларна.

Главниот судија ја прегледа ситуацијата, а потоа следуваше долга дилема за тоа дали погодокот е регуларен или не. По цели 13 минути прекин и дискусија дали голот е регуларен, арбитерот реши да го признае погодокот.

На крајот, дуелот имаше 14-минутно продолжение, и тоа само поради долгата ВАР-проверка, која сигурно е една од најдолгите во светски рамки.

 

- Оглас -

Најнови вести