3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Струмичанецот Вељко Пауновиќ официјално е нов селектор на Србија!

Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека за нов селектор на националниот тим е поставен Вељко Пауновиќ.

Пауновиќ, кој е роден во Струмица, до неодамна работеше во Овиедо, клуб кој го внесе во првата шпанска лига по повеќе од 20 години. Најголемиот успех како тренер му беше пред десет години, кога како селектор на младата репрезентација на Србија ја освои светската титула.

Според српските медиуми, Пауновиќ ќе врати во репрезентацијата некои играчи на кои не сметаше Драган Стојковиќ, како Сергеј Милинковиќ-Савиќ и неговиот брат Вања. Пауновиќ како прв услов да ја преземе репрезентацијата го поставил веднаш да почне со работа и да ја води Србија на последните два меча со Англија и Летонија од квалификациите за СП 2026. Не сакал да чека да завршат квалификациите и потоа да го преземе тимот, без разлика дали ќе се пласираат на СП или не.

Дебито ќе го има на 13-ти ноември на „Вембли“ во Лондон против Англија. По пораззот дома од Албанија, Србите се доведоа во ситуација да мора да ја победат Англија на гости за да останат со шанси да влезат во баражот за СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести