Дали судиите му ја украдоа победата на МЗТ Скопје против Цибона? (Видео)

Кошаркарите на МЗТ Скопје во претпоследниот ден од 2022 година, загубија добиен натпревар против Цибона во рамки на 13 коло од АБА лигата со 87:85 по продолжението од пет минути, а голем удел во конечниот исход има судиската тројка, која не досуди неспортски фаул над Вер на 2.4 секунди до крајот на мечот, пишува во својата анализа „БХ Баскет“.

Спорниот момент кој им ја украде победата на Металците се случи во последниот напад од регуларниот дел кога при резултат 75:75, Дастин Вер беше фаулиран од играчот на Цибона, Мајцуниќ.

Според судиските критериуми, прекршокот на Мајцунуќ над Вер требаше да биде окарактеризиран како неспортски и бекот на МЗТ Скопје да добие слободни фрлања, а Металците повторно да го имаат следниот напад.

Но, судија Весковиќ досуди обична лична грешка, додека останатите двајца судии Белошевиќ и Обркнежевиќ само ја потврдија одлуката и не побараа видео анализа за спорниот прекршок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести