Дали Зимбабве вечерва повторно ќе ја направи најлегендарната измена во фудбалот?

Зимбабве вечера во 21 часот ќе игра против ДР Конго и со победа може да си обезбеди место во нокаут фазата. По првите две кола, Зимбабве има еден бод, а на дуелот против Египет се случи една од најнеобичните замени. Воопшто не се работи за замена која го смени текот на мечот или направи пресврт во играта, туку се работи за интересна игра на имињата и играчите.

На местото на „Знаењето“ во игра влезе „Талентот“. Се работи за Кноулеџ Мусон и Талент Чавапива. Тие што добро разбираат англиски зборот „Knowledge“ во превод значи знаење. Измената која беше направена и внесувањето на Талент во игра не донесе промена во резултатот против Египет, кој победи со 1:0 во првото коло.

https://twitter.com/FootballFactly/status/1145333423940050948

Во второто коло и  Кноулеџ Мусон и Талент Чавапива беа во стартниот состав, во ремито 1:1 против Уганда. Вечерва се очекува Зимбабве со победа да стигне до три бода кои ќе го одведат во следната фаза од Афкон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести