Дама им чита лекции на фудбалските сопственици: Доста плачете како мали деца

Анамарија Продан е една од ретките дами во светот на фудбалот што работи како менаџер на играчите, а без влакно на јазикот ги повика сопствениците на клубовите да не ја користат ситуацијата со Коронавирусот.

„Имате пари и плаќајте си ги фудбалерите. Немојте да плачете како мали деца“, им порача Продан на сопствениците на фудбалските клубови.

Анамарија застапува десетици фудбалери во Романија, меѓу нив и неколку што се најбарани на транасфер-пазарот што следи.

„Сите фудбалери си ги знаат своите права и обрвски. Но не можат да разберат, а и јас со нив, само по пет дена криза, сопствениците на клубовите да креваат толкава паника со најава за екстремно кратење на платите. Тоа не е солуција за сите играчи што јас ги застапувам. Мора да се бара поинакво решение“, додава Продан.

Еден од најпознатите, но и најконтроверзни ликови во романскиот фудбал, Џиџи Бекали, кој е сопственик на Стеауа, или ФЦСБ како што сега се нарекува поранешниот европски првак, веќе одлучи да им ги намали драстично платите на играчите, а и отпушти неколку луѓе што извршуваат технички позиции во клубот.

Слични мерки најавија и неколку други сопственици на водечките клубови во Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести