Дамите се попривлечни од машките фудбалски ѕвезди, трите најпосетени дуели во 2022 се во женски фудбал (Фото)

Женскиот фудбал е попривлечен од машкиот ако се суди според рекордните посети на стадионите во Европа за 2022 година.

Сите три најпосетени мечеви во фудбал се кај дамите, а Барселона е на првото и третото место, со преполн „Камп Ноу“ на дуелите со Волфсбург и Реал Мадрид.

Вчерашното финале меѓу Англија и Германија на Европското првенство што се играше на „Вембли“ е меѓу двата дуели на Барселона на „Камп Ноу“.

Најголема посета во 2022 година на фудбалски меч е 91.648 гледачи на „Камп Ноу“ на дуелот од Лигата на шампионите меѓу женските екипи на Барселона и Волфсбург.

Вчера на „Вембли“ 87.192 гледачи поставија нов рекорд на финалињата на Европските првенства во женска и во машка конкуренција, а грото од нив се радуваа на победата на Англија од 2:1 и прва европска круна за Гордиот Албион на Стариот континент.

Барселона и Реал Мадрид во женското „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ играа пред 91.553 гледачи што е втор најпосетен фудбалски меч во 2022 година, за потполн триумф на женскиот фудбал, кој привлекува се повеќе внимание и го гази машкиот фудбал според бројот на публика на стадионити оваа година.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1554031944521981954?s=20&t=_s0jtE6HefV26w_UkZc4OQ

- Оглас -

Најнови вести