Дамјан Стојановски: Во мак-баскетот ги оправдавме очекувањата, но жалиме за испаѓањето од АБА-лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје со вечерашната победа од 92:83 над Пелистер, дојдоа до третата победа во финалната серија и ја освоија десеттата јубилејна титула во домашниот шампионат.

Сезоната за Металците во мак-баскетот е успешна бидејќи ги освоија двата трофеи, во првенството и во Купот, и според капитенот Дамјан Стојановски, единствено жалат за испаѓањето од АБА-лигата.

„Знаевме дека само со добра одбрана можеме да дојде до победа на гостински терен и успеавме. Успеавме да ги запреме играчите на Пелистер и да славиме. Сезоната може да се каже дека е успешна во домашниот шампионат, бидејќи ги освоивме Купот на Македонија и титулата, но жалиме за АБА лигата од каде испаднавме. Се надевам дека брзо ќе се вратиме и ќе ја претставивме Македонија во најдобро светло“, изјави капитенот Дамјан Стојановски по освојувањето на титулата.

- Оглас -

Најнови вести