Дани Алвес ја промени стратегијата, сака да излезе од затвор што е можно побрзо

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес од јануари оваа година се наоѓа во затвор во Барселона под обвинение за сексуален напад и силување кое го извршил на новогодишната ноќ.

За ова обвинение во Шпанија му се заканува казна затвор од шест до 12 години, а фудбалерот сега ја промени својата стратегија. Тој досега се изјаснуваше како невин, но сега ќе ја признае вината и ќе понуди финансиски надомест за жртвата, а сето ова доаѓа откако се одлучи да го промени својот адвокат.

Славниот бразилски фудбалер во својата кариера настапуваше за Бахиjа во својата татковина, Севиља и Барселона во Шпанија, потоа Јувентус, ПСЖ, па следуваше враќање во Бразил во екипата на Сао Паоло и последен клуб му беше мексиканскиot Унам. За репрезентацијата на Бразил одигра 126 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести