Дани Алвес само што излезе од затвор, направил забава која траела цела ноќ

По повеќе од една година помината во затвор, прославениот бразилски фудбалер Дани Алвес излезе на слобода откако за него беше платена кауција од еден милион евра. Веднаш по излегувањето од затворот, Алвес заминал во својата резиденција во Барселона и како што пишуваат шпанските медиуми, веднаш направил забава која траела до раните утрински часови.

Се пишува дека Дани славел за роденденот на неговиот татко Домингос Алвес да Силва, а биле повикани сите блиски пријатели на фудбалерот. Забавата траела до пет часот наутро.

Алвес пред еден месец доби четири и пол годишна затворска казна поради силување на една девојка во ноќен бар во Барселона и тоа за време на предновогодишна забава на 30 декември 2022 година.

Тој сега е на слобода, но мора да се појавува пред Судот секој петок. По излегувањето од затворот, Алвес мораше да ги предаде шпанскиот и бразилскиот пасош како гаранција дека нема да ја напушти земјата.

 

- Оглас -

Најнови вести