Дани Алвеш после 2.054 дена, повторно игра за Барселона

Најтрофејниот фудбалер во историјата, бразилскиот десен бек Даниел Алвеш, вечерва го имаше своето второ деби во Барселона. Алвеш е стартер кај Барса на дуелот од Купот на Шпанија против Линарес.

Дани има 38 години и 244 дена, и ова му е прв официјален меч во дресот на Барса од 22 мај 2016 година, кога имаше 33 години и 16 дена. Од тогаш поминаа 2.054 дена, тој во меѓувреме играше за други тимови, но пред неколку месеци повторно потпиша за каталонскиот гигант, и од нова година доби право да игра.

Алвеш првото деби за Барселона го имаше пред дури 4.893 дена, а сега го носи дресот со бројот 8.

- Оглас -

Најнови вести