21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Данило Брестовац се раздели со саудискиот клуб Ал Сафа

Поранешниот македонски ракометен селектор Данило Брестовац ја заврши одисејата во клубот Ал Сафа од Саудиска Арабија. По петмесечна соработка, донесена е одлука за разделба.

Под негово водство, тимот на Ал Сафа стигна до финалето на Купот и заврши на трето место во лигата, само два бода зад првакот, а успеа да го победи и најдобриот состав Ал Калеј.

Главната причина за заминувањето на Брестовац е промената на раководството на Ал Сафа.

- Оглас -

Најнови вести