Победата на Баерн Минхен против Лион донесе радост и во Амстердам и во Загреб, не затоа што Баерн таму е многу популарен или Лион им е антипатичен, туку полза од елиминацијата на францускиот тим ќе имаат клубови како Ајакс и Динамо.
Откако стана јасно дека Лион нема да биде европски првак и нема да се најде во фазата по групи, холандски Ајакс на тој начин не мора да игра квалификации, туку директно ќе се најде во групната фаза во новата сезона од ЛШ. Копјаниците чекаа како прва резерва и се израдуваа што Лион не стана шампион, со што избегнаа играње на едно незгодно квалификациско коло пред да влезат во групите.
Причина за задоволство има и кај Динамо. Вака кога го нема Лион, а Ајакс оди директно во групите, тимот на Аријан Адеми може да биде носител во сите квалификациски кола до крај (во трето коло и евентуално ако игра плејоф) ако успее на гости да го елиминира романски Клуж.