Данска покажа дека Хрватска ни на сон не можеше да го добие тоа што го сакаше

Данска не дозволи никакво изненадување и се пласира во четвртфиналето од Светското првенство, откако во последното коло од главната групна фаза, без многу проблеми, го победи Египет со 30:25. До пред овој меч, Египет беше перфектен со пет победи на Мундијалот и имаше обезбедено место меѓу најдобрите на планетарниот собир, но африканската селекција немаше шанси против Данска.

Уште од самиот старт Данска поведе со 2:0, а потоа и со 6:2, па по 15-тина минути предноста на фаворитот стигна и до шест гола (9:3). Фаворитот продолжи со силно темпо и стигна до 15:7, а на полувреме беше 17:12, што доволно говори за силата на Данска.

Хрватска беше селекцијата која чекаше Египет да направи чудо против Данска и да слави со двоцифрена предност, но Данците покажаа дека таквиот расплет ни на сон не може да се случи.

Во дербито од другата група, Германија – Норвешка 26:28.

 

- Оглас -

Најнови вести