
Данска води против Македонија со 17-12 по првото полувреме на дуелот од првото коло на Европското првенство, од групата која се игра во Хернинг.
Пред 15.000 Данци на трибините и неколку стотини Македонци, домашните ја оправдаа фаворитската улога и во овие 30 минути покажаа зошто аналитичарите и квотите во обложувалниците велат дека тие се главни кандидати за титулата.
Македонија имаше само едно водство, на почетокот кога со голот на Марко Митев поведовме со 1-0, потоа беше и 3-3, пред Данска да направи серија од 5-0 за убава предност од 8-3.
Најголемата предност која ја имаа Данците беше шест голови разлика (10-4 и 11-5), но малку ја ублаживме негативата која на пауза е поднослива. Најатрактивниот погодок во првите 30 минути беше „цепелинот“ кој го реализираше Серафимов, кој е стрелец на 1.000-тиот гол за Македонија на европските првенства.

