Вардар загуби на гостувањето против Арсими (1-0) и сега се израмни заедно со Шкендија со идентичен број бодови на врвот на табелата во Првата лига. Но, тоа сега го оставаме зад нас затоа што следува баражот за Светското првенство. Гоце Седлоски, сега во улога на селектор, в четврток ќе ја предводи Македонија во битка за пласман на Мундијалот.
Полуфиналната пречка е Данска, и тоа во Копенхаген, на „Паркен стадионот“ пред 75.000 фанови. Нема да биде лесно, Данците се фаворити, но беа и Италијанците во еден друг бараж…
Данците се уверени дека ќе победат. Расмус Хојлунд, напачаѓот на Наполи и соиграч на Елиф Елмас, само што стапна на данско тло, истакна дека Македонија не е Германија и дека е уверен дека неговата селеција ќе се пласира на Светското првенство.

Точно е, Македонија не е Германија, но Данците забораваат дека Македонија ја има победено Германија со 1-2, на квалификациски натпревар на 31 март 2021 година.
Речиси пред пет години, а еден од стрелците беше токму Елиф Елмас, кој и сега ќе биде еден од најголемите наши адути. Вториот стрелец Горан Пандев сега е директор на националните репрезентации на Македонија.
Црвено-жолтите ја победија и Италија во Палермо (0-1) со голот на Александар Трајковски, така што Данците и не треба да бидат толку сигурни дека ќе бидат победници во баражот.
Фаворити се, но во фудбалот не секогаш победуваат фаворитите…

