Даци постигна гол по страшна акција, па имаше утка што долго ќе ја памети (Видео)

Ердин Даци постигна убав гол за Вестерло во дербито против Васланд Беверен во Втората белгиска лига, но потоа ја имаше и утката на мечот, со што пропушти шанса да му донесе победа на својот тим.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија погоди во 74-тата минута, по страшно атрактивната акција на домаќините и го прокнижи четвртиот гол, со што е на делба на третото место на листата со најдобри стрелци.

При резултат од 1:0 за Вестерло, Даци имаше уште една чиста шанса за нов погодок, но промаши зицер на празна мрежа, а потоа гостите казнија со израмнување на 1:1 во 89-тата минута.

Вестерло е лидер со 24 бода, пред Васланд Беверен со 17 по 11 кола во Втората белгиска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести