Дава голови во Македонија, заслужи повик од Гамбија – Дембо ќе дебитира во дуел со Обамејанг

Дембо Дарбо со голови во македонското првенство заслужи повик во националната селекција на Гамбија и очекува деби против Габон, репрезентација за која настапува познататата светска ѕвезда Пјер-Емерик Обамејанг.

Шпицот на Шкупи има само 22 години, а игра импресивно во новата сезона во Првата македонска лига и во првите 11 кола веќе постигна 10 гола. Дарбо е прв стрелец во нашето првенство, заедно со Бесарт Ибраими од Шкендија што беше доволно да добие повик за настап во четврток за Гамбија на гостувањето во Габон.

Мечот е во рамките на третото коло во квалификациската Д група за настап на Африканскиот куп на нациите. Гамбија моментно е на делба на првото место токму со Габон, па ова ќе биде дерби во групата.

„Сакам да им се заблагодарам на соиграчите и на сите во Шкупи бидејќи без нив немаше да стигнам до дресот со национални обележја. Да се игра за својата репрезентација, е сон за секој фудбалер. Ќе дадам сè од себе да продолжам да играм добро со цел да им помогнам и на Шкупи и на Гамбија да се остварат поставените цели“, изјави Дембо за клупскиот сајт на Шкупи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести