Даваш гол и никому ништо, стоење во жив ѕид е како казна

Две новини го предизвикаа вниманието на обложувачите неделава. Отворањето на обложувалниците и продолжувањето на Бундеслигата. На своите верни обложувачи, но и на оние не толку редовните, Sport Life им приреди изненадување, новина е онлајн обложувањето, па сега и не мора да одите на шалтер за да уплатите тикет, тоа може да се направи од дома.

Фалеше возбудата кога чекаш „твоите“ да победат или да дадат гол во 90-тата за да излезе тикетот добитен. Шалтерите на Sport Life се отворени и полека се враќаме во нормала.

Велат, кој чека ќе дочека. Ги чекавме Германците и дочекавме да видиме како изгледа врвен европски фудбал без публика и со сите оние правила кои ги мразиме, но ќе мора да се почитуваат.

Првиот гол по рестартот на сезоната го даде Ерлинг Халанд. Младиот Норвежанец докажа дека е „незгоден како кратко ќебе и еден од најопасните напаѓачи на светот. Неверојатно е дека Борусија Дортмунд го купи само за 20-тина милиони евра во денешно време кога голгетери од негов калибар се проценуваат на над 100 милиони.

Тимот од Дортмунд го прегази Шалке, но радоста им беше поматена, немаа со кого да ја споделат радоста. Наместо да му отпоздрават на преполниот „жолт ѕид“ и илјадниците верни фанови, тие им мавтаа на неколкуте редари и други технички лица кои се најдоа на стадионот. Ете таков ќе биде фудбалот во следниот период.

Сега се смееме и чудно ни е, но можеби ќе ни премине во навика да гледаме како по гол, играчите си честитаат од далеку, како и при измена, играчите се однесуваат како да се скарани или налутени еден на друг, па не си подаваат рака, играчот кој е заменет пред да седне на клупата, веднаш добива маска.

ДВОЈНИ СТАНДАРДИ – ПРОСЛАВА НА ГОЛ НЕ МОЖЕ, А ШТО АКО НЕКОЈ ВО ЖИВИОТ ЅИД СЕ ИСКАШЛА?

Резервите се маскирани и држат дистанца, но при слободен удар, 5-6 фудбалери стојат залепени еден до друг. Ни дистанца, ни бутур. Не дај боже некој да се искашла или кивне. Ѕидот ќе се растури, сите ќе се разбегаат, а судијата нема да знае што да прави со „кашлачот“. За плукање на терен ќе се даваат картони, за кашлање не е предвидена санкција. Ќе мора да се воздржат или да си кашлаат во лакт.

Белоруската лига беше најпопуларна во изминатиот период. Ако знаевме само за БАТЕ Борисов и евентуално Динамо Минск, сега ги „пееме“ повеќето прволигаши, интересот за таа лига одеднаш стана голем и факт е дека профитираа од инаетот. Којзнае дали Белорусите сега им љубоморат на Германците што им го презедоа фокусот?

По реактивирањето на Бундеслигата, наскоро и на другите топ-лиги, интересот за белорускиот фудбал повторно ќе спласне, ќе ги заборавиме дека постојат, но таа лига и понатаму ќе остане единствена по една работа – играњето со публика. Таков луксуз не можат да си дозволат другите. За таа работа, сите им љубоморат на Белорусите.

Тренерот на Борусија, Фавр, рече: „Даваме гол и ништо не се случува“. Така е. Кога нема публика и кога не може колегите да ти честитаат како што треба, се губи задоволството по даден гол. Не е сеедно. Бундеслигата е позната по полни стадиони и Германците се доста оштетени од играњето пред празни трибини. Барем топката почна да се тркала во топ-лига и пак можеме да погодуваме кој ќе победи, за арно за убаво нека е!

- Оглас -

Најнови вести