Македонскиот фудбалер Давор Здравковски кој досега настапуваше на Кипар за АЕЛ Лимасол, направи трансфер во шкотски Мадервил, со кој потпиша двегодишен договор.
Здравковски кој има 25 години, кариерата ја почна во Македонина Ѓорче Петров, а од 2017 беше во АЕЛ за кој имаше 161 настапи. Во Мадервил, Давор ќе носи дрес со бројот 17.