Иако се репрезентативни колеги, односот на Тибо Куртоа и Кевин де Бројне е само строго професионален, тие не се блиски иако до пред десет години беа речиси неразделни другари.
Во 2012 година, тогашната девојка на Де Бројне, Каролин Лајнен, замина во Мадрид кај Куртоа и таму ја доби „утехата“, па го остави плејмејкерот за да продолжи со голманот. Таа во едно интервју кажа дека Куртоа за една вечер ѝ понудил повеќе отколку Де Бројне за три години и додаде дека го изневерила Кевин за да му врати затоа што се сомневала дека тој ја изневерува со нејзина пријателка.
Де Бројне не сакаше Куртоа да биде исфрлен од репрезентацијата, но односот никогаш не им се поправи. Де Бројне ужива да му дава голови на Тибо, како пред осум дена на дуелот на Сити со Реал. Вечерва има нова шанса да му врати за неверството.
Денеска и Каролин е среќно мажена и Де Бројне е оженет и има деца, додека еден од најдобрите голмани на светот е во врска, но не е во брак.