Де Бруин редовно го „тресе“ Челзи а сега со супер гол го однесе Манчестер сити уште подалеку од ривалите (ВИДЕО)

Само еден момент магија на Кевин Де Бруин беше доволно за Манчестер сити да го победи Челзи со 1:0 во дербито на 22-то коло од англиската Премиер лига.

Тој момент се случи во 70-та минута, кога Белгијанецот ја доби топката некаде на средината од теренот и ја водеше до пред шеснаесетникот на гостите, каде што упати прекрасен удар.

Челзи во најголемиот дел од средбата се бранеше, додека Манчестер сити ја имаше контролата врз средбата.

Ова е петти гол за Де Бруин против Челзи откако го напушти тимот од Лондон, и е тимот кој највеќе му лежи за давање погодоци.

Со оваа победа, пак, Манчестер сити има 56 бода, односно 13 повеќе од второпласираниот Челзи и 14 од Ливерпул кој има и две средби помалку.

- Оглас -

Најнови вести