Де Бур го обелодени конечниот список на Лалињата за ЕП (фото)

Де Лихт, Депај, Вајналдум се меѓу најзвучните имиња кои се најдоа на конечниот список од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат Холандија на Европското првенство.

Селекторот Франк Де Бур го обелодени списокот на фаворитот во нашата група Ц, селекција против која Македонија ќе ги одмери силите во третото коло од групната фаза. Тој дуел е предвиден за 21 јуни и ќе се игра на тло на Лалињата, во Амстердам на легендарната арена „Јохан Крој“.

Од конечниот список Де Бур ги изостави Стивен Бергајн, офанзивецот на Тотенхем, како и Ханс Хатебоер од Аталанта и Рик Карсдорп од Рома, меѓу поистакнатите играчи. Треба да се напомене дека голем хендикеп е отсуството на Вирџил Ван Дајк, клучниот стопер кој ја пропушти речиси целата сезона поради тешката повреда на коленото.

- Оглас -

Најнови вести