Де Хеа е на цена во Премиер лигата, тимот кој видендов го победи Манчестер јунајтед го бара Шпанецот

Шпанскиот голман Давид де Хеа, кој изминатото лето по 11 години се раздели со Манчестер јунајтед и оттогаш е без ангажман, би можело да се врати во Премиер лигата, и тоа во тимот кој во саботата ги совлада Црвените ѓаволи, Њукасл.

Првиот голман на Њукасл, Ник Поуп, се повреди на дуелот со Манчестер јунајтед и најмалку четири месеца ќе биде надвор од терените, поради што челниците на Чавките сакаат да го ангажираат Де Хеа, пишува весникот „Дејли мејл“.

Де Хеа по заминувањето од Манчестер јунајтед, имаше неколку понуди од Саудиска Арабија кои ги одби бидејќи сака да остане во Европа.

- Оглас -

Најнови вести