Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, е подготвен да потпише нов договор со Црвените ѓаволи.
Според телевизијата ЕСПН, Шпанецот кој повеќе од една деценија е на голот на Јунајтед, ја прифатил понудата на управата на клубот и во наредните денови се очекува да стави параф на новиот договор.
Актуелниот договор на Шпанецот му истекува на крајот од сезоната и според него заработува 375.000 фунти неделно. Платата на Де Хеа најверојатно ќе му биде мининално намалена, но со евентуалните бонуси би можело да дојде прибилижно до таа што ја заработува и сега.