Голманот на Манчестер јунајтед со две фантастични одбрани спречи Ватфорд да води по првите 15 минути на мечот од Премиер лигата. Исмаила Сар реши да го изведе ударот од белата точка, но Де Хеа одбрани. Одбиената топка дојде до Кико кој погоди.
По консултација со ВАР собата, се забележа дека играчот на Ватфорд предвреме влегол во шеснаесетникот, па иако се работи за фудбалер на екипа која напаѓа, судијата реши да го повтори изведувањето на пеналот.
Повторно Сар реши да шутира и по втор пат Де Хеа му одбрани.