14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Де Хеа сака 50 отсто поголема плата за да остане во Манчестер јунајтед

Давид де Хеа сака зголемување на платата за 100.000 фунти неделно за да остане во Манчестер јунајтед. Голманот има само уште шест месеци од договорот со најтрофејниот англиски клуб и сега е во ситуација да бара многу поголема плата од 200.000 фунти кои ги добива сега на неделно ниво.

Шпанскиот чувар на мрежата сезонава ја започна слабо, но полека влегува во посакуваната форма. На дербито против Тотенхем, Де Хеа беше убедливо најдобриот на теренот. Имаше неверојатни 11 одбрани и го предводеше Манчестер до победа од 1-0.

За Де Хеа се интересира францускиот првак Пари Сен Жермен, кој, секако, може да ги исплати посакуваните 300.000 фунти неделна плата за голманот. И Јувентус се поврзува како можен нов клуб за Де Хеа, но Манчестер сепак ќе се обиде во следниов период да го задржи чуварот на мрежата кој од 2011 година е на „Олд Трафорд“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести