Де Хеа сепак може да заврши во Саудиска Арабија, доби повик од лут противник да игра за него

Саудискиот тим Ал-Етифак би можело да го ангажира шпанскиот голман Давид де Хеа, кој сè уште е без тим, објави таблоидот „Сан“.

Тренерот на Ал-Етифак, легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, го кани Де Хеа, кој дури 11 години го чуваше голот на најлутиот ривал на Црвените, Манчестер јунајтед, да го прифати предизвикот и да се пресели во Саудиска Арабија.

Оваа вест е пресвртница околу иднината на Де Хеа бидејќи Шпанецот во летниот преоден рок одби неколку понуди од Саудиска Арабија сакајќи да остане во Европа или да се пресели во Интер Мајами и да игра заедно со Лионел Меси.

Де Хеа исто така неодамна одби понуда вредна два милиони евра месечна плата од Ал-Наср.

Но, бидејќи не му пристигна ниту една понуда, Ал-Етифак и Стивен Џерард му нудат можност повторно да брани.

Според „Сан“, доколку Ал-Етифак не ги задоволи барањата на Де Хеа, останатите саудиски екипи ќе се вклучат во трката по неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести