9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Де Хеа со фотодоказ во борба против ВАР системот

Манчестер јунајтед разочара на „Олд Трафорд“ откако одигра само 1:1 против Евертон. Црвените ѓаволи беа големи фаворити, но гостите поведоа со автоголот на Линделоф. Токму тој гол предизвика многу негодувања, посебно кај голманот на Манчестер, Давид де Хеа.

Шпанскиот чувар на мрежата вели дека бил фаулиран непосредно пред да биде постигнат голот за Евертон. Дури и судијата, заедно со арбитрите во ВАР-собата, на повторена снимка ја проверуваа ситуацијата и одлучија дека немало фаул и дека погодокот на Евертон е регуларен.

Де Хеа преку социјалните мрежи со фотографија од спорната ситуација се чудеше како судиите одлучиле дека тоа не е фаул над голманот, кога се работи за ситуација во петерецот, каде што чуварот на мрежата има целосна доминација и е заштитен токму во воздушните дуели.

- Оглас -

Најнови вести