Де Хеа со провокација за Кристијано Роналдо на неговата објава за продолжување на договото со Ал-Наср

Давид де Хеа и Кристијано Роналдо беа соиграчи во Манчестер јунајтед и многумина сметаат дека двајцата се добри пријатели. Шпанецот во моментов е дел од Фиорентина, а Роналдо неодамна го продолжи договорот со Ал-Наср, па на социјалните мрежи напиша: „Почнува ново поглавје. Иста страст, ист сон, заедно создаваме историја“.

Тоа беше повод за Де Хеа да се јави со коментар на оваа објава, а тој е отворена провокација за Португалецот. „И играње бесплатно“ – напиша Шпанецот, што се однесува на рекордната плата која ќе ја добива Кристијано Роналдо, а која изнесува 15,2 милиони евра месечно.

Според многумина Шпанецот е љубоморен на високите примања на Кристијано Роналдо, но јавноста е поделена, па многумина сметаат дека ова е шеговит коментар, бидејќи двајцата се добри пријатели.

- Оглас -

Најнови вести