Маѐнчестер јунајтед веќе десет сезони не може да ја освои титулата во Премиер лигата, а последниот трофеј во сите натпреварувања е во 2017 година.
Во финалето од Лигата на Европа предводени од Жозе Мурињо го совладаа Ајакс и од тогаш „црвените ѓаволи“ станаа тим за потсмев од страна на навивачите на ривалите.
„Не знам што се случува, овој тим е проектиран да се бори за големи трофеи, и тоа требаше да биде така. Мислам дека сме проколнати, бидејќи нема друг логичен начин да се објасни тоа што ни се случува.
Едноставно не можам да сфатам што не функционира во Манчестер јунајтед и тоа е така со години“ изјави голманот на овој тим, Давид Де Хеа.