Манчестер јунајтед не успеа да даде гол во дербито против Ливерпул, но не ни прими, па голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа, имаше посебна причина за радост. За шпанскиот голман ова беше јубилеен стоти меч во Премиер лигата на кој успева да ја сочува својата мрежа.
Вакво нешто во најтрофениот англиски клуб претходно му успеало само уште на легендарниот Петер Шмајхел. Во Премиер лигата, заедно со Де Хеа, сега има вкупно седум голмани кои стигнале до 100 натпревари на кои успеале да ја сочуваат својата мрежа незатресена. Одличен јубилеј за Де Хеа, и тоа на дербито против најголемиот ривал.