36.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Де Хеа за пропаднатиот трансфер во Реал: „На крајот од кариерата ќе раскажам сè“

Манчестер јунајтед и Реал Мадрид во 2015 година се договорија за трансферот на Давид де Хеа. Кралевите требаше да платат 35 милиони евра, а голманот да потпише повеќегодишен договор. Двете екипи официјално објавија, но трансферот пропадна под изговор дека не успеале да ги комплетираат документите пред истекот на преодниот рок.

Сепак, уште тогаш се појавија шпекулации дека Црвените ѓаволи намерно испратиле нецелосни документи само за да го задржат шпанскиот голман во своите редови.

За Де Хеа ова и денес е болна тема, па не сакаше да даде целосен одговор на прашањето.

„Пропаднатиот трансфер во Реал Мадрид? Кога ќе ја завршам играчката кариера, јавно ќе кажам што се случи. На крајот, до трансфер не дојде и мислам дека некои работи се случија со причина. Останав во Јунајтед, а потоа бев среќен таму“, рече Давид де Хеа.

Во моментите кога остана без клуб, Де Хеа му беше понуден на Реал Мадрид, со оглед на тешката повреда на Куртоа, но Кралевите не сакаа да го ангажираат, па Шпанецот се пресели во Фиорентина.

 

- Оглас -

Најнови вести