Де Јонг: Нема да ја жалам Барса во финалето

Младиот холандски фудбалер, Френки де Јонг, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона, вели дека воопшто нема да му биде криво ако со Ајакс во финалето на Лигата на шампионите ги совлада каталонците.

Де Јонг има прилика да се сретне во финалето против својот иден клуб, но пред тоа ќе треба Ајакс да го елиминира Тотенхем, а Барса да биде поуспешна од Ливерпул.

„Финале против Барселона би било нешто многу специјално. Во тој момент нема да размислувам против кого играме. Додека сум играч на Ајакс, сакам Ајакс да победува. Немам никакво колебање околу тоа, ќе сакам да ја победиме Барселона исто како што сакав да ги победиме Реал Мадрид и Јувентус“ – вели Де Јонг, за кого Барса во јануари плати 75 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести