Шпанија ја победи Данска со 1-2 како гостин и ја оствари четврта последовна победа во Лигата на нациите. На тој начин, актуелниот победник на турнирот си ја обезбеди првата позиција во групата, без оглед на резултатот на натпреварот против Швајцарија во последното коло.
„Среќни сме што имаме толку млад и талентиран тим. На секоја позиција имаме по четворица квалитетни играчи. Ова ни дава спокојство и ни носи радост. Способни сме да реагираме во тешки ситуации. Момците се навикнаа да победуваат, но и понатаму остануваат амбициозни“, изјави селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте.
„Оние кои добија шанса против Данска, го дадоа најдоброто од себе, иако не беше лесно да го контролираме натпреварот. Сакам да нагласам дека се соочивме со противник кој нè стави под голема тензија. Игравме добро и можевме да победиме со 3-0, но во последните минути мораше да страдаме. Против Швајцарија ќе можеме да го освежиме составот и токму тоа ќе го направиме“, додаде селекторот на Црвената фурија.